Loading Video...
Фудбал
10. November 2021 - 19:42
Квалификации за СП: Победникот во Ереван останува со шанси за 2. Место
Македонската фудбалска репрезентација утревечер во 18ч во Ереван го игра квалификацискиот дуел за мундијалот во Катар со селекцијата на Ерменија . Селекторот Милевски очекува квалитетен и неизвесен дуел бидејќи двете селекции ќе играат на победа за второто место во групата.
Ерменија и Македонија се селекции кои во последните неколку сезони играат често во квалификациските групи и во Лигата на нациите. Од осамостојувањето имаме 11 средби со нашиот утрешен домаќи и интересно и двете селекции имаат по 4 победи и вкупно три нерешени средби.
Ерменците како домаќини се незгодни за Македонија и ги добија последните три средби пред својата публика.
Последниот натпревар помеѓу овие две репрезентации се одигра во Скопје и заврши без голови.
Македонија и Ерменија имаат по 12 бода и го делат третото место во групата со бод помалку од второпласираната Романија која утре го пречекува Исланд а во последното коло му гостува на Лихтенштајн.
За избраниците на селекторот Милевски во игра се само победи против Ерменија и Исланд во Скопје за да со евентуален кикс на Романците го освои второто место во групата кое води во баражот.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->