Loading Video...
Фудбал
13. November 2021 - 20:06

Квалификации за ЕП: Милевски и Ристовски со самодоверба го очекуваат дуелот со Исланд

Македонската фудбалска репрезентација утревечер во 18ч го игра историскиот квалификациски дуел за Мундијалот во Катар со селекцијата на Исланд која со нерешениот резултат во Романија ги остави избраниците на селекторот Милевски во игра за 2. место кое води во баражот. 

На последната средба со новинарите пред утрешниот меч и селекторот Милевски и капитенот Стефан Ристовски изјавија дека не чувствуваат притисок и дека се подготвени за добар настап и остварување на посакуваната победа против репрезентацијата која не запре во Рејкјавик по водството од 2-0.