Loading Video...
Фудбал
9. December 2021 - 18:19
Аталанта и Виљареал во дуел за последното слободно место за осминафиналето на ЛШ
Аталанта или Виљареал ќе го пополнат последното место во осминафиналето на Лигата на шампионите. Директниот дуел за втората позиција во Ф групата вчеравечер не се одигра поради обилни врнежи на снег и немаше услови за игра, па вечерва доколку тоа го дозволат временските услови, дуелот во Бергамо ќе ја реши и последната дилема.
Едно е сигурно, дека за прв пат по 21 година во осминафиналето ќе ја нема Барселона, која вчера беше надограна во Минхен од Баерн, а по победата на Бенфика над Динамо Киев, шпанскиот гигант заврши на третото место, и ќе игра во Лигата на Европа, додека потругалнскиот тим ќе продолжи во елитата.
Од групата Г тимотвите на Лил и Салцбург се оние кои ќе играат во осминафиналето откако францускиот тим ја потврди првата позиција на табелата и тоа со победата на гости кај Волфсбург со 3-1, додека во директната пресметка за второто место, Салцбург со голот на Оканфор во 50-минута ја победи Севиља со 1-0.
Така според пласманот на екипите формирани се и двата шешири од кои во понеделник напладне во Нион, ќе бидат извлечени двојките за осминафиналето кои имајќи во предвид дека ждребот ќе биде полу-дилигиран, сигурно не очекуваат неколку интересни дуели во првата нокаут рунда која ќе се игра во втората половина на месец февруари следната година.
ШЕШИР 1:
МАНЧЕСТЕР С.
ЛИВЕРПУЛ
АЈАКС
РЕАЛ М.
БАЕРН М.
МАНЧЕСТЕР Ј.
ЛИЛ,
ЈУВЕНТУС
ШЕШИР 2:
ПСЖ
АТЛЕТИКО М.
СПОРТИНГ Л.
ИНТЕР
БЕНФИКА
Виљареал / Аталанта
САЛЦБУРГ
ЧЕЛЗИ
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->