Македонија
12. December 2021 - 16:37

Блокирани патни правци во подбеласичкиот регион

Обилните врнежи со дожд затворија повеќе патни правци во струмичко и направија штета на неколку неколку локации. Синоќа најсериозно било во под беласичките села во општина Ново Село. Поради појава на одрони и свлечиште патниот правец помеѓу селата Мокрино и Сморари е затворен за сообраќај, а од надојдените води од Беласица и излевање на локален водотек поплавени се неколку дворови селото Мокрино во кои е причинета и значителна материјална штета.

Градоначалникот на општина Ново Село Ѓорге Божинов информираше дека нивни екипи уште од синоќа се на терен и интензивно работат. Патниот правец Смоларе Дражево кој исто така беше во прекин е исчистен и прооден,а расчистен бил и одронот во близина на селото Самоилово.  Општински екипи расчистувале и во погодените села по што ќе биде направена и проценка на предизвиканата штета. Божинов апелираше на максимална претпазливост од страна на граѓаните, посебно на патниот правец Колешино Бориево каде на мостот кај појасниот канал има поткопување.

Освен во Ново село излевање на едно место има и во општина Босилово, а наноси од поројните води од Беласица имаше патот кај селото Банско кои во текот на денот беа расчистени од страна на Комуналец.