Македонија
13. December 2021 - 16:39

Излеаната река Струмица поплави триесетина објекти на територијата на општина Босилово

Излеаната река Струмица поплави триесетина објекти на територијата на општина Босилово. Со надојдените води зафатени се неколку деловни објекти и дваесетина куќи. Најголемиот дел од нив се во атарот на селото Турново. 

Жителите велат дека ова не е прв пат и ваквата состојба им се повторува речиси со секој поголем дожд. Велат штетите во дел од објектите изнесуваат и над 50 илјади евра. Бараат од институциите конечно да најдата решение за овој долгогодишен проблем.

Од општина Босилово информираа дека во текот на вчерашниот ден ги презеле сите неопходни мерки, но и покрај интервенциите сепак дошло до излевање на речното корито. Градоначалникот Ристо Манчев смета дека овој проблем ќе се надмине само со ефикасен систем  за одржување на речните корита и на одводните канали.

За разлика од вчера во текот на денешниот ден водостојот на реките бележи благо намалување и не се очекуваат нови излевања, но општина Босилово велат дека состојбата будно се следи и доколку има потреба службите ќе се делуват на терен.