Владата нарача Фајзер вакцини за децата од 5 до 12 години
Напролет против Ковид ќе се вакцинираат и деца од 5 до 12 години во земјава. Владата донесе одлука за набавка на 10.000 педијатриски вакцини на Фајзер заедно со половина милион дози за возрасни. Одлуката за децата веќе е донесена, а Комитетот за имунизација допрва ќе се изјасни за кои категории деца се препорачува вакцината или пак сите заинтересирани родители ќе можат да ги однесат децата во пунктовите за вакцинација.
- Одлуката е донесена како навремено би се резервирале вакцини за следната година. Комисијата за имунизација дополнително ќе излезе со препораки за вакцинација на малолетни лица од 5 до 12 години, велат од министерството за здравство.
Засега Комитетот има дадено препорака за имунизација на деца само над 12 години. Досега комплетно се вакцинирале 5200 малолетници.
-Вакцинацијата е важно да се укаже дека се одвива без закажан термин. Значи, единствен услов за вакцинација на малолетните лица е задолжително да дојдат со родител или со старател и важно е граѓаните да знаат дека и со оваа одлука вакцини за КОВИД -19 ќе има во доволна количина, дека нема приоретизирање според возраста, хронични заболувања или критична структура, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски.
Во меѓувреме родители преку група на Фејсбук најавија протест на 24 декември на кој ќе бараат маските да не бидат задолжителни за децата додека се на настава, туку право на избор на родителот.
Министерката за образование вели дека протоколот е донесен заедно со министерството за здравство по препорака на Комизијата за заразни болести и не отстапувале од заштита на јавното здравје.
- Ние не отстапуваме од заштита на јавното здравје, изјави Мила Царовска, министер за образование и наука.
За реакциите дека некои ученици кои се во изолација не можат да следат он лајн настава, Царовска вели дека обврска на училиштето е да им обезбеди уред или да им испрати пишани материјали додека се дома. Во спротивно треба да поднесат приговор до општината.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
