Loading Video...
Фудбал
17. December 2021 - 19:49

Без Елмас и Костадинов против Италија?!

Стандардниот македонски репрезентативец  Елиф Елмас нема да игра во бараж дуелот со Италија на 24. Март наредната година во Палермо откако УЕФА го одбила барањето да се поништат жолтите картони од групната фаза. 
Македонија е пред голем предизвик во баражот со Италија во Палермо и затоа важно е сите фудбалери, оние најдобрите да му бидат на располагање на селекторот Милевски. 
Според последните информации  ФИФА го одбила барањето  Елмас и Тихо Костадинов да бидат помилувани и да играат во Палермо и тоа откако само 5 репрезентации од вкупно 12 кои ќе играат во баражот застанале зад иницијативата. 
Сепак доколку нашата репрезентација биде поуспешна од Италија тогаш Елмас ќе игра во финалниот натпревар против Португалија или Турција.