Loading Video...
Фудбал
7. January 2022 - 11:16
Виљареал елиминиран од Копа Дел Реј
Екипата на Виљареал е елиминирана од шпанскиот куп односно Копа Дел Реј.
Популарната „жолта подморница“ беше непријатно изненадена на гостувањето кај Спортинг Хихон кој годинава игра во второлигашката конкуренција, во натпреварот од чеснаесетина финалето кои домаќинте го добија со 2-1.
Иако Виљареал со голот на ветеранот Раул Албиот поведе во 48-минута, сепак екипата на Спортинг Хихан успеа да направи комплетен пресврт, па со головите на Црногорецот, Ѓурѓевиќ во 67-та и Украинецот, Милованов во 88-та минута стигна до победа со 2-1 и пласман во осминафиналето.
До него без многу мака стигнаа и актуелните шампиони фудбалерите на Атлетико МАдрид кои со 5-0 славеа во дуелот со нисколигашот Рајо Мајадахонда.
Победи од 2-0 забележаа и минатогодишниот финалист Атлетик Билбао во дуелот со Манча, како и Севилја која беше подобра од Сарагоса.
Меѓу шеснаесетте најдобри се пласираа и екипите на Кадиз, Џирона која ја елиминира Осасуна, како и Елче кој беше подобар од Алмерија.
Попладнево ќе бидат извлечени и двојките за осминафиналето во кое ќе се игра само еден натпревар и на програмата е од 15 до 19 јануари
Претходно на 12 и 13 јануари во Ријад, Саудиска Арабија ќе се играат и натпреварите од Супер купот.
Во првото полуфинале закажано за 12 јануари (20 часот) ќе се сретнат големите ривали Барселона и РеалМадрид, а ден подоцна (13 јануари -20 часот), за место во финалето закажано за 16 јануари, ќе се борат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->