Loading Video...
Фудбал
11. January 2022 - 14:07

Убедлив пораз на Фиорентина на гостувањето кај Торино

Екипата на Фиорентина полека го губи чекорот со екипите кои се борат за место што носи пласман во Лигата на шампионите. 
 
„Виолетовите“ веќе трет натпревар во низа неможат да победат. На гостувањето кај Торино, во рамките од 20.коло на Серија А, екипата на Фиорентина беше убеливо поразна со 4-0. 
 
Два гола постигна Хрватот, Брекало, откао претходно Синго го отвори резултатот, а Санабрие беше стрелец на последниот, четврти гол за Торино. 
 
Тимот од Фиренца остана на шестото место со 32 бодови колку што имаат Рома и Лацио, но ринските екипи имаат одиграно и натпревар повеќе.