Повреденото момче пуштено на домашно лекување, обвинителство ги чека анализите за возачот
Вториот пешак од сообраќајката во која загина 24 девојка е пуштен на домашно лекување но под голем стрес. Момчето на 24 години бил заедно со девојката и ја преминувале улицата кај Сити мол кога автомобил удри директно во нив. Лекарите го примиле видно вознемирен и по извршените прегледи се констатирани набиеници во пределот на карлицата.
Телото на починатата е предадено на обдукција. Се уште се непознати причините за сообраќајката со смртни последици. Возачот на автомобилот е приведен во станица и се анализира во каква состојба го управувал возилото. Дополнително се прегледуваат видео камери од овој потег на „Партизанска“ спроти Сити Мол, за да се утврди како дошло до ударот. Од обвинителството се чекаат резултатите по што ќе се одлучи дали ќе побараат притвор за 22 годишниот возач.
„Патнички автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од лице на возраст од 22 години, удрил во двајца пешаци, девојка и момче на возраст од по 24 години, кои поминувале преку улицата. Од здобиените повреди, оштетената починала на лице место.“ соопштија од обвинителството.
Неофицијално, сторителот претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин за да пропушти пешаци.
Експертите во областа на сообраќаот сметаат дека зад воланот има голем број на деструктивни лица кои возат под разни влијанија. Сообраќајната култура е на завидно ниско ниво а за тоа одговорни се сите надлжени институции кои имаат ингеренции да ја променат состојбата.
Дека по улиците се вози неконтролирано и брзо потврдуваат и податоците од МВР, според кои лани биле изречени над 240 000 казни од кои половина се за брзо возење.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
