Колумбија ја губи трката со конкурентите за пласман на СП
На Јужноамериканскиот континент се играат квалификациите за Светското фудбалско прветсво во Катар.
Селекцијата на Перу со голот на на Флорес на пет минути пред крајот на натпреварот и тоа на гости кај Колумбија забележа значајна победа со која Перуанците се пробија на четвртото место на табелата, последно кое носи пласман на Мундијалот. По овој пораз Колумбијците паднаа на шестата позиција со трио бодови помалку од синоќешниот противник, односно два бода помалку од Уругвај која како петто пласиран би играл во баражот.
Уругвајците пак до новите три бода стигнаа благодарение на голот на Луис Суарез во 50-минута во дуелот на гости со Парагвај.
Еквадор кој одигра нерешено во оваа рунда со Бразил 1-1 е сигурен меѓу петте најдобри, додека Аргенина и Бразил веќе го осигураа својот настап на светското во Катар.
Во јужно-американските квалификации остануваат да се изиграат уште две рунди.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар