Loading Video...
Фудбал
3. February 2022 - 11:49

Сенегал прв финалист на Африканскиот куп на нациите

Репрезентацијата на Сенегал е првиот патник во финалето на Африканскиот куп на нациите што се одржува во Камерин. 
 
Сенегалците ја потврдија фаворитската улога и со 3-1 во полуфиналето ја победија репрезентацијата на Буркина Фасо.
 
Сега Сенегал ќе го исчекува исходот од вечерашниот, втор полуфинален натпревар, во кој кој домаќинот Камерун за противник ќе ја има репрезентацијата на Египет, дуел кој ќе започне од 20 часот. 
 
Финалето на Африканскиот куп на нациите ќе се игра во недела (20 часот).