Loading Video...
Фудбал
3. February 2022 - 11:49

Рајо Ваљекано и Валенсија во полуфиналето на „Копа дел Реј“

Екипите на Рајо Ваљекано и Валенсија се пласираа во полуфиналето на шпанскиот фудбалски куп или популарниот „Копа дел Реј“. 
 
Екипита на Рајо Ваљекано за која настапува македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски во четвртфиналето, а пред својата публика, ја совлада екипата на Мајорка со 1-0. 
 
Стрелец на единствениот гол беше Аргентинецот, тарехо во 44-минута од пеал. 
 
Валенсија пак со 2-1 го победи Кадиз, откако Гуедес во 24-минута и донесе предност на Веленсија, а Перез во 54-тата го израмни резултатот. Голот за победа и пласмна на валенсија во полуфиналето го постигна Дуро во 79-минута. 
 
Кои две екипи ќе им се приклучат на Рајо Ваљекано и Валенсија во полуфиналето на „кралскиот куп“ ќе дознаеме вечерва откако своите четврфинални дуели ќе ги одиграат Сосиедад и Бетис, односно Атлетик Билбао и Реал Мадрид.