Loading Video...
Фудбал
3. February 2022 - 11:50

Мексико ја победи Панама во директен дуел за 3-место од Миндијалските квалификации

Репрезентацијата на Мексико го доби дербито против Панама во квалификациите за СП во Катар. 
 
На натпреварот одигран на стадионот „Ацтека“, а во рамките од 11.коло на Конкакаф, Мексиканците сламеа минимална победа со 1-0 со голот на Раул Хименез од пенал. 
 
Со оваа победа Мексико се зацврстија на третото место на табелата со 21 бод и сега имаат 4 повеќе од Панама која со Костарика ќе се бори за четвртото место кое носи пласман во баражот за минудијалот. 
 
Лидери се Канаѓаните кои во оваа рунда го победија Салвадор на гости со 2-0, додека зад нив на втората позиција се Американците кои со 3-0 славеа над Хондурас. 
 
Последните три кола од квалификациите на Северна и Централна Америка ќе се играат на крајот на март месец (24, 27 и 30 март).