Атлетик Билбао и Бетис во полуфиналето на „Копа дел Реј“
Екипите на Атлетик Билбао и Бетис им се приклучија на Рајо Ваљекано и Валенсија во полуфиналето на шпанскиот фудбалски куп или популарниот „Копа дел Реј“.
Екипата на Атлетик Билбабо го победи Реал Мадрид со 1-0 со што баскијскиот тим му се реваншира на „кралскиот“ клуб за поразот во финалето на Супер купот.
Стрелец на единствениот гол беше Алекс Беренгуер во претпоследната, односно 89-тата минута од натпреваро.
Затоа пак Бетис како гостин го надигра Сосиседат и го победи со убедливи 4-0.
Претходно Рајо Ваљекано за која настапува македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, пред својата публика ја совлада екипата на Мајорка со 1-0, а Валенсија со 2-1 беше подобра од Кадиз.
Попладнево со ждребка ќе бидат одредени паровите за полуфиналето во кое ќе се играат по два натпревари.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар