Што се крие позади инцидентот со искршениот прозорец од цвеќарницата на секретарот на бугарскиот клуб во Битола?
Расправија меѓу двајца поранешни сопружници за малку ќе предизвикаше македонско бугарски инцидент. Веста дека е искршен киоскот на секретарот на здружението „ Иван Михајлов“ од Битола брзо ја пренесоа бугарските медиуми откако тој изрази сомнеж дека се работи за напад поради национална нетрпеливост. Секретарот Благој Шаторов пријавил во полиција дека некој ја демолирал неговата продавница, ги искршил прозорците од објектот за цвеќиња и свеќи кај битолските гробишта.
За случајот сомнеж изразија и од здружението.
„ Повторно се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго“, стои во објавата на Културниот центар.
Но полицијата ги расчисти сомнежите и соопшти дека инцидентот го предизвикала поранешената сопрухга на секретарот Шаторов. Со тврд предмет ги искршила стаклата бидејќи а делото потоа го признала и на Фејсбук.
„ Значи ШаторкоФ ЈАС ТИ ГО ДЕМОЛИРАВ, толку се посра од мене шо ти е страв да кажиш дека ЈАС БЕВ.
Во станица раскажала дека сето тоа го направила бидејќи поранешниот сопруг наместо да го чува детето, заминал во Скопје да го чествува роденденот на Гоце Делчев. Според нејзиниот исказ во станица, секретатрот на здружението Шаторов ја оставил малолетната ќерка на трето лице и заминал да положи цвеќе на гробот на револуционерот. Дека навистина бил во СКопје се потврдува и од неговата објава на фејсбук каде се гледа како положува цвеќе на гробот на Гоце Делчев.
По целосно документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесена пријава по член 243 од Кривичниот законик“ се наведува во соопштението од СВР Битола.
Културниот центар подготвува нови простории во центарот на Битола за да отвори клуб „ Ванчо Михајлов ВМРО“ . Истото здружение лани предизвика бурни реакции меѓу двете држави кога испрати писма до бугарскиот државен врв и амбасадите на САД, ЕУ, Португалија и Германија во земјава, во кои тврдеа дека се соочуваат со страв да се изјаснат како македонски Бугари и дека се соочени со бугарофобија.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
