Loading Video...
Фудбал
9. February 2022 - 2:43
Интер обезбеди полуфинале во италијанскиот куп
Интер е првата екипа која обезбеди пласман во полуфиналето на италијанскиот куп.
"Неро-азурите", пред својата публика, ја победија Рома со 2:0 во првиот меч од четвртфиналната рунда. Един Џеко во втората и Алексис Санчез во 68-минута беа стрелци на головите за Интер.
Сега тимот од Милано ќе го исчекува исходот од вечерашата втора миланско-римска пресметка, во која Милан ќе биде домаќион на Лацио, а победникот од овој натпревар ќе биде противникот на Интер во полуфиналето.
Вториот полуфинален пар ќе го дознаеме утре откако Аталанта и Фиорентина односно Јувентус и Сасуоло ќе ги одиграат своите четвртфинални дуели.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->