Анализа: Кој може да биде дипломат - што е потребно за да биде испратен во мисија - квалификации или врски?
Генералниот конзул во Њујорк е помеѓу најзначајните дипломатски претставништва и лицето кое ќе ја претставува државата треба да има големо искуство и познавање на материјата. Праксата до сега била да се испраќаат професионалци од МНР. Поранешниот амбасадор на земјава во Вашингтон и екс вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски вели дека законските одредби дозволуваат и отстапки при изборот но речиси секогаш преовладува стекнатото искуство на кандидатот во дипломатијата.
При изборот на дипломатски претставник Наумовски вели треба да бидат вклучени сите позначајни чинители во државата, вклучувајќи ја и комисијата за надворешни работи во парламентот.
Македонија има три генерални конзулати во САД, лоцирани во Њујорк, Детроит и Чикаго каде живее и најголем број од македонската дијаспора.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
