Loading Video...
Фудбал
17. February 2022 - 12:57

Коман во 90-тата минута го спаси Баерн од пораз кај Салцбург

 
Кингсли Коман го спаси минхенски Баерн од пораз на гостувањето кај Салцбург. Во првиот осминафинален натпревар на овие два тима составот на Слацбург го делеа секунди од победа. Откако Жуниор Адаму во 21-минута им донесе предност на домаќините, гостите од Минхен со сите сили се обидуваа да стигнат до израмнување. 
 
Упорноста се изплатеше, па по бројните пропуштени шанси, конечно во последната 90-та минута од натпреварот Французинот, Коман успеа да постигне гол и да го израмни резултатот на 1-1, односно да го спаси Баерн од непријатен пораз. 
 
Во дербито одиграно во Милано, екипата на Ливерпул славеше победа со 2-0 против Интер. 
 
Откако во првиот дел двата тима пропуштија по неколку шанси да постигнат гол, во вториот дел гостите од Англија беа поумешни и попрецизни, па со головите на Фирмино во 75-тата и Салах во 83.минута Ливерпул славеше триумф со 2-0. 
 
Реванш во Ливерпул и Минхен на програмата се на 9 февруари, а следниот вторник и среда ќе се играат и првиот четвртинални дуели на останатите четири пара.