Loading Video...
Фудбал
20. February 2022 - 19:52
Прва МФЛ: Значајни победи на Шкупи, А.Пандев и Македонија ЃП
Лидерот на прволигашката табела, Шкупи славеше минимално со 1-0 на Националната Арена Тоше Проески и цврсто стои на врвот на прволигашката табела.
Единствениот гол на средбата со Работнички го постигна Радески.
Добриот старт на пролетниот дел го потврди Македонија ЃП која славеше исто така со 1-0 против Ренова во Тетово. Стрелец Воша.
Победник немаше во Струга каде Брегалница поведе во вториот дел со голот на Мартин Стојанов. Израмнувањето за Трим Лум го обезбеди Босанчиќ со извонреден удар од прекин.
Во Струмица Академија Пандев славеше убедливо со 5-0 против Скопје и тоа благодарение на извонредниот Пепи Ѓорѓиев кој со хет трик го реши мечот уште во првото полувреме.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->