Македонија
21. February 2022 - 19:48

Нов стерилизатор за медицински отпад во Дрисла

Вакцините со поминат рок се уште не се донесени во Дрисла, но кога ќе пристигнат ќе бидат уништени во новата печка за стерилизација за медицински отпад. Новиот Автоклав за 80 отсто го намалува волуменот на медицински отпад. Дробење на игли, шприцеви, завои, сечила, катетри и друг отпад од болничките центри, ветеринарни болници и лаборатории.

Старата печка ќе се реновира и од следната година ќе биде вклучена како резервна печка за согорување медицински отпад.