Македонија
22. February 2022 - 19:58

Арсовска уверува дека Универзална ќе продолжи да се гради, проектот бил стопиран бидејќи бил небезбеден

Универзална ќе продолжи да се гради, проектот е стопиран бидејќи бил небезбеден. Ќе се прават измени по што ќе продолжи реконструкцијата. 

Градоначалничката Арсовска обвини дека наследила проект со недостатоци. Потребно е да се додадат уште два носечки столбови. Арсовска вели до ова немало да дојде доколку претходникот направел соодветна анализа. 

Арсовска побара Владата и Министерството за култура да обезбедат пари за внатрешноста бидејќи не е оставен ниту проекти ниту пари. 

Од СДСМ обвинуваат дека Арсовска лаже бидејќи проектот бил професионално сработен и одобрен од повеќе стручни лица. Прашуваат дали зад стопирањето на проектот се крие бизнис интерес. 

Самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрување Град Скопје го има. Пратен и одобрен и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба, велат од СДСМ.

Инаку Универзална сала е затворена веќе 7 години.