Loading Video...
Фудбал
23. February 2022 - 2:41

Челзи со голема предност во реваншот со Лил, додека Јуве и Вилјареал ќе започнат со 1-1

Актуелниот шампион Челзи направи голем чекор кон пласман во четвртфиналето откако пред својата публика на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон, го совлада францускиот Лил со 2-0.
 
Првиот гол за „сините“ го постигна Каи Хаверц по само осм минути игра. 
На вториот се чекаше до 63. Минута, кога по акцијата на Канте, Кристијан Пулишиќ зголеми на 2-0 што подоцна се покажа и како конечен резлутат на натпреварот. 
 
На вториот натпревар одигран во Шпанија, немаше победник, а дуелот меѓу Вилјареал и Јувентис завриши 1-1.
 
Гостите имаа старт од „соништата“ или подобро кажано новото засилување Душан Влаховиќ. Србинот по само 32 секунди игра постигна гол кој не само што му донесе предност на неговиот тим, туку го запиша Влаховиќ и во историјата. Тој стана играчот кој го постигнал најбрзиот гол во Лигата на шампионите, прито уривајчи го рекордот на легендарниот Германец Андреас Мелер кој во 1995 година во дресот на Борусија Дортмунд погоди во мрежата токму на Јувентус. 
 
Иако се чинеше дека Јувентус лесно ќе стигне до победата, така не мислеа домаќините, кои преку Дани Парехо во 66-тата минута, поставувајќи ги конечните 1-1. 
 
Реванш дуелите во Франција и Италија ќе се играат на 16 март.
 
А, вечерва на програмата се последните две средби од првата осминафинална рунда.  Во Мадрид, Атлетико го пречекува Манчестер Јунајтед, додека Бенфика е домамаќин на Ајакс.