Голема акција на полицијата на Блаце, Сопиште, Бит Пазар - уапсена поголема група дилери на дрога
Полицијата синоќа уапси десетмина членови на меѓународна криминална група за трговија со дрога. Меѓу нив и две лица кои се барале со потерница. Македонски, албански и косовски државјани организирале транспорт на марихуана од Албанија, преку Косово и Македонија а крајната цел требало да биде Турција. Полициската акција се одвивала на повеќе локации а запленета е дрога вредна над 200 000 евра. Дел од групата е пресретната кон Сопиште, кои со две возила превезувале вреќа со 27 парчиња марихуана. Истата ноќ кај Бит Пазар е сопрено уште едно возило и приведени се три лица.
Косовски државјанин кој бил дел од групата полицијата го пресретнала во обид да избега преку граничниот премин Блаце. Апсење имало и во Ѓорче Петров а Претреси се извршени на две локации во селото Патишка река каде се пронајдени уште 26 пакувања марихуана. Полицијата тресела и во објекти во Карпош, с.Никиштани и Бит Пазар. Јавното обвинителство ќе побара притвор за осомничените.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
