Loading Video...
Фудбал
24. February 2022 - 20:02
Ќе има ли бојкот на рускиот спорт?!
Настаните во Украина сигурни ќе се рефлектираат и врз спортот и веќе пристигнуваат првите закани за бојкот на руските екипи и селекции. Фудбалските федерации на чешка, Полска и Шведска денеска со заедничко писмо ги информираа ФИФА и УЕФА дека нема да патуваат во Москва на бараж средбите за Мундијалот во Катар.
Нема дилеми дека како ќе се усложнува состојбата на релација Русија- Украина така ќе растат и санкциите од САД и ЕУ за Русија.
Историјата покажала дека честопати се случувал спортски бојкот на најголемите натпреварувања како Олимписките игри во Москва и неколку други настани.
Први денеска реагираа фудбалските асоцијации на Чешка, Полска и Шведска кои одбиваат да патуваат во Москва на мундијалските баражи.
Прва треба да патува Полска која уште пред неколку дена побара мечот да се премести на неутрален терен или ќе следува бојкот.
Сега на потег е ФИФА која треба да донесе одлука дали ќе го прифати ова барање или пак ќе застане на страната на Русија и ќе наложи одигрување на средбите во Москва.
Времето ќе покаже каков третман ќе добие спортот но се поизгледно е руските спортисти целосно да бидат бојкотирани од меѓународните настапи. Потврда за тоа доаѓа од Англија и Шпанија. Британците и официјално побараа сопственикот на Челзи Роман Абрамовиќ да замине од Лондон и дури и да му биде одземен клубот а кошаркарите на Барселона во последен момент го откажаа патувањето за С.Петерсбург каде во рамките на Евролигата требаше да играат против рускиот Зенит.
Во Украина има и македонски спортисти. Еден од нив е фудбалскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој се наоѓа во градот Полтава каде настапува за екипата на Ворксла.
Зајков за медиумите изјави дека градот не бил цел на напад и дека очекува со помош на клубот да биде евакуиран откако првенството во Украина е прекинато поради воената состојба
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->