Loading Video...
Фудбал
26. February 2022 - 10:11
Барди со Леванте се израдуваа на третата овосезонска победа
Екипата на Леванте ја оствари само третата победа сезонава. Тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец Енес Барди славеше победа над Елче со 3-0 во воведниот меч од 26 коло на Ла Лига.
Барди ги одигра завршните 15-минути од мечот заменувајќи го стрелецот на вториот гол Жорге Де Фрутос. Во листата на стрелци се впишаа и Моралес кој го одигра 300-тиот меч за овој тик, како и Мелеро кој го постигна третиот гол.
Покрај победа Леванте остана на последната позиција на табелата во моментов со чбодови помалку од Гранада која е на 17-место, позиција која носи опстанок во Примера.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->