Македонија
28. February 2022 - 16:46

Македонски камионџии заглавени на границата со Украина, ги трошат последните резерви со храна

Македонски транспортери и понатаму чекаат заглавени на украинските гранични премини. Дејан Донев е еден од нив. Тој веќе три дена се наоѓа на украинска територија и чека дозвола за влез во Романија. Товарен е со стока од Русија што ја носи за Македонија, а низ Украина само транзитирал.  Заедно со другите транспортери правеле одбиди да добијат некакви одговори, но сите останале безуспешни, единствено што разбрале   дека проблемот е стоката со руско потекло.

Доколку проблемот продолжи и во наредните денови возачите стравуваат дека ќе останат без храна.

Претходно од МНР информираа дека комуницираат со полските и романските власти, а се обидуваат и преку украинските конзулати во Романија и Полска да им помогнат на нашите превозници за да ја напуштат украинската територија без да претрпат економски последици.