Македонија
1. March 2022 - 16:33

Почна најголемиот еколошки проект за Скопје - Изградба на пречистителна станица

Во Скопје ќе биде изградена најголемата пречистителна станица со капацитет за половина милион жители. Оваа станица ќе третира 90 проценти од отпадните води во главниот град. 

Ќе се гради на левиот брег на Вардар во Трубарево на површина од 13 хектари. Рокот за доставување понуди за изведувач заврши денеска, а изборот ќе биде направен кон крајот на годинава. 

Финансиите се обезбедени преку Европската инвестициона банка заедно со ЕБОР. 

Овој голем еколошки проект чини 136 милиони евра.