Македонија
2. March 2022 - 21:25

Состојбата во Украина дополнителен аргумент за почеток на преговорите

Предлогот Украина да добие статус на земја што ќе ги почне преговорите со ЕУ е добар сигнал и за Македонија смета претседателот Пендаровски. Во тема на денот на Сител шефот на државата оценува дека Украина не е толку далеку од Македонија кога е во прашање кризата. Ситуацијата во Украина треба да е само дополнителен аргумент зошто треба час поскоро да отпочне процесот за интеграција во ЕУ вели Пендаровски. 

Македонија нема да испраќа војници во Украина дециден е претседателот бидејќи тоа ќе значи дека директно би и  се спротиставиле на Русија.

Во однос на можните економските последици поради војната, шефот на државата вели дека Македонија има доволно стокови резерви и граѓаните не треба да се грижат. Претседателот потврди дека Србија и покрај тоа што забранила извоз на виталните стратешки продукти, сепак  ветила дека ќе ни помогне со дотур на пченица во услови на поголема криза.