Loading Video...
Фудбал
3. March 2022 - 11:21
Валенсија прв финалист во „Копа Дел Реј“
Екипата на Вaленсија е првата која обезбеди пласман во финалето на шпанскиот фудбалски куп или популарниот „Копа Дел Реј“.
Популарните „лијаци“ во реваш полуфиналниот натпревар, одигран пред својата публика на „Местаља“, го победија бранителот на трофејот во ова натпреварување, Атлетик Билбао и тоа со 1-0.
Стрелец на единствениот гол беше Португалецот, Голсало Гуедес 43-минута, па Веленсија со вкупни 2-1 се пласира во финалето.
Така Валенсија сега ќе го исчекува исходот од вториот полуфинален дуел меѓу Бетис и Рајо Ваљекано, во кој тимот на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски во реваншот во Севиља ќе влезе со негатива од 2-1.
Дуелот меѓу Бетис и Рајо Ваљекано ќе се игра вечерва од 21 часот, а финалето на „Копа Дел Реј“ е закажано за 23 април.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->