Loading Video...
Фудбал
4. March 2022 - 10:55
Димитриевски и Рајо не успеаја да обезбедат финале во „Копа дел Реј“
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со својата екипа Рајо Ваљекано беше на чекор до историски успех. Но, Рајо не успеа да се пласира во финалето на шпанскиот фудбалски куп.
Во реванш полуфиналниот меч со Бетис, одигран на гости, заврши нерешено 1-1 па тимот од Севиља се пласира во финалето.
Иако гостите кои со фантастичниот гол на Бебе во 80-тата минута ја анулираа негативата од првата средба која Бетис ја доби со 2-1 и имаа резултат за продолжение, сепак до него не дојдоа.
За тоа се погрижи Иглесиас кој во брзата контра во втората минута од дополнението го постигна голот за израмнување, но и пласман на Бетис во финалето.
А, во него, тимот од Севиља за противник ќе ја има Валенсија која во полуфиналето го елиминира бранителот на трофејот во ова натпреварување, Атлетик Билбао.
Финалето на „Копа Дел Реј“ ќе се игра на 23 април и тоа во Севиља.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->