Loading Video...
Фудбал
4. March 2022 - 10:57
Познати двојките за четвртфиналето во ФА Купот
Евертон ja оправда фаворитската улога во дуелот со екипата на Бореам Вуд која настапува во петата по квалитет англиска лига и со 2-0 забележа победа во претпоследниот натпревар од осминафиналната рунда во ФА купот.
Пред одигрувањето на овој натпревар беа извлечени и двојките за четвртфиналето за кое останува уште едно празно место, а за кое во понедленик ќе се борат фудбалерите на Нотингем Форест - Хадерсфилд Таун .
Победникот од овој меч во четвртфиналето ќе биде домаќин на Ливерпул.
Останатите четвртфинални парови се: Кристал Палас – Евертон, Мидлсборо – Челзи и Саутемптон – Нотингем Форест.
Четвртиналната рунда на програмата е на 19 и 20 март
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->