Сашо Андонов успеа да се извлече од Киев со помош на македонската амбасада во Полска
По многу непреспиени ноќи во засолништво, страв и неизвесност, семејството на Сашо Андонов конечно се извлече од Киев. Преполни возови до кои не може да се стигне, денови поминати без намирници, Сашо е еден од македонските државјани кој беше заглавен во украинската престолнина. Тој и неговото семејство сега се на безбедно но се уште бараат начин како да ја преминат границата и да тргнат кон Македонија. За неговото успешно извлекување заслужен е македонскиот амбасадор во Полска со кого единствено контактирал.
Сликите од железничката станица во Киев тој никогаш нема да ги заборави. Луѓето ризикуваат да го изгубат животот висејќи по вагоните/
Во меѓувреме украинците кои живеат во Македонија маршираа против војната во Украина.
Ова е втор протест предводн од здружението ЛЕСЈА УКРАИНКА.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
