Loading Video...
Фудбал
8. March 2022 - 12:12

Започнува разврската за влез во четвртфиналето во ЛШ

Вечерва ќе ги дознаеме и првите две екипи кои ќе обезбедат пласман во четвртфиналната рунда во елитната фудбалска Лига на шампиони 
 
Со дуелите во Ливерпул и Минхен вечерва стартува разврската за влез во четвртфиналето во ЛШ. 
 
Ливерпул пред своите навивачи на „Енфилд“ го пречекува Интер против кој во реванш одминафиналниот дуле ќе влезе со предност од два гола, по победата во Милано со 2-0. 
 
Иако на гостувањето кај Салцбург одигра само 1-1 Баерн важи за фаворит во дуелот што ќе се игра на „Алијанц арена“ во Минхен. 
 
Двата натпревари започнуваат од 21 часот терми во кој за утре се закажани и реванш дуелите во Мадрид меѓу Реал и ПСЖ во кој францускиот првак ќе влезе со предност од еден гол, како и дуелот меѓу Манчестер Сити има огромни 5-0 предност од гостувањето во Лисабон кај Спортинг. 
 
Останатите четири реванш осминафинални дуели ќе се играат следниот вторник и среда.