Loading Video...
Фудбал
12. March 2022 - 16:18

ФФМ го одржа годишното Собрание

Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето Редовно Генерално Собрание. Измината година ФФМ остварила профит од речиси 4.миниони евра. 
 
На Собранието на ФФМ одржано во Скопје, присутните делегати го усвоија извештајот за работата на федерацијата која изминатата 2021 година остварила приход од 1,17 милијарди денари (19 милиони евра), а потрошила 906 милиони денари (околу 15 милиони евра), со што фодината е завршена со профит од 269 милиони денари (околу 4 милиони еевра).
 
Делегатите на Собранието едногласно ги усвои измените на системот за натпреварување во МФЛ за 2022/2023 за единствена Втора лига.
 
Така следната сезона наместо две ќе има една Втора лига која ќе брои 16 екипи. 
 
Во неа ќе играа два тима кои директно ќе бидат последно пласирани во прволигашката конкуренција, како и два тима кои ќе ги загубат баражите за пополнување на Првата лига. Опстанок во  Втората лига ќе обезбедат и екипите пласирани од 3 до 7 место во тековното првенство, како и две екипи од баражите на третолигашите за пласман во Втората лига. 
 
Во Првата лига нема никакви промени, па таа и следната сезона ќе брои 12 екипи,