Loading Video...
Фудбал
12. March 2022 - 16:18
Леванте повторно се спасуваше од пораз
Екипата на Леванте за која настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, пред своите симпатизери одигра само 1-1 против Еспањол.
На натпреварот од 28.коло во Ла Лига, гостите од Барселона го отворија резултатот во 55.минута со голот на Хави Пуадо.
Домаќините ги спаси од пораз Дани Гомез со погодокот во 80-минута.
Леванте за кој Барди го одигра целиот меч, останува „закован“ на дното н а табелата со само 19 освоени бодови и е се подалеку од шанси да се спаси од испаѓање од Примера.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->