Loading Video...
Фудбал
13. March 2022 - 17:12

Елмас со Наполи славеше над Верона и се проби на 2.место на табелата

Елиф Елмас со својата екипа Наполи се радуваше на победа. Наполи славеше со 2-1 на гостувањето кај Верона во меч од 28 коло на Серија А.
 
Стрелец на двата гола за „наполитанците“ беше Нигериоцот, Виктор Осимхен во 14-тата и 71-та минута од средбата. Голот за домаќините го постигна Давде Фараони во 77-минута. 
 
Елмас влезе во вториот дел и ги одигра завршните половина час.
 
Наполи сега има 60 бодови три помалку од лидерот Милан и два повеќе од трето пласираниот Интер кој пак има два одиграно натпревари помалку од конкурентите за „скудетото“. 
 
Лукас Тореира и донесе победа на Фиорентина во дуелот со Болоња. Уругваецот во 70-тата минута го постигна единствениот гол на мечот со кој Фиорентина славеше минимално со 1-0, а со освоените три бодовио „виолетовите“ се вратија во трка за местата кои носат излез на евопската сцена следната сезона.