Loading Video...
Фудбал
14. March 2022 - 11:11
Два гола на Торес во победата на Барса над Осасуна со 4-0
Екипата на Барселона ја продолжува победничката серија во шпанската Ла Лига. Каталонскиот клуб пред своите симпатизери на „Камп Ноу“м ја победи Осасуна со 4-0 во последниот меч од 28.коло на Ла Лига
Два од трите голови за домаќините ги постигна Феран Торес. Првиот од пелан уште во 10-тата минута, a вториот во 21-та минута по акцијата на Дембеле.
Французинот „кумуваше“ и на третиот гол кога во 27.минута, по неговото нафрлување на вистинското место се најде Обемејанг. Конечните 3-0 за Барса беа дело на младиот Рики Пуиг во 75.минута.
Со четврттата победа во низа, Барселона се искачи на третата позиција на табелата и се доближи на Севилја која е второ пласирана на само пет бодови помалку.
Каталонците сега имаат 51 бод, колку и четврто пласираниот Атлетико Мадрид, но Барселона има и еден натпревар помалку од своите ривали.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->