Loading Video...
Фудбал
14. March 2022 - 11:12

Санчез со гол во 93-минута го спаси Интер од пораз на гостувањето кај Торино

Екипата на Интер загуби значајни бодови во трката за Скудетото. 
 
На гостувањето кај Торино, а во рамките од 29.коло на Серија А, Интер одигра само нерешено 1-1. Но. „Неро-заѕурите“ можат да бидат и среќни што освоија само еден бод. 
 
Имено Торино беше пред триумф, откако Бразилецот, Бремер уште во 12.минута му донесе предност на домашниот тим. Сепак домаќините не издржаа до последниот свиреж на судијата. 
 
Се играта терата минута од судиското дополнение, кога Алаксис Санчес, кој во игра вчезе во 70-тата, по асистенцијата на Џеко, успеа да постигне гол и да го израмни резултатот. 
 
Со само еден освоен бод и вкупно 59, Интер остана на третата позиција на табелата сега со четир помалку од Милан, односно еден помалку од Наполи, додека Јувентус кој е четврти има 56 бодови. 
 
Потсетување дека Интер има одиграно еден натпревар помалку од конкурентите.