Македонија
17. March 2022 - 16:31

Владата следната недела ќе одлучува за укинување на маските за основците

Од наредната недела основците слободно ќе дишат во училиште, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести да бидат укинати задолжителните маски за учениците од 1 до 9то одделение. Од Владата добивме одговор дека предлозите на КЗБ ќе бидат разгледани на следниот состанок на Главниот кризен штаб. Неофицијално треба да бидат одобрени на владината седница во вторник, но имало исклучоци кога одредени мерки министрите ги гласале и порано. Состојбата е стабилна тврдат и епидемиолози и имунолози а бројките на новозаразени најмногу се намалени кај детската популација. Бо болницата во Козле во моментот имаат само седум ковид пациенти од кои еден е ученик а останатите се до тригодишна возраст. И во амбулантите педијтрите се помалку прегледуваат заразени со омикрон.

-Овој период има се повеќе деца со алергии и други болести на белодробните органи а се помалку има што реагираат на симптоми на грип и ковид. Веруваме до наредната недела да има уште се помалку деца со ковид, вели др. Бесник Зеќири директор на детската болница во Козле.

Педијатрите од Козле од први април очекуваат да се вратат на нивната нормална работа и патологија, но ке имаат и одделен простор доколку има ковид позитивни деца. Веруваат дека нема да има нов бран.

-Очекуваме дека до 1 април ќе имаме 0 позитивни деца и веќе се подговтвуваме да се вратиме на останатите патологии на белодорбни заболувања, вели др. Зеќири.

Комисијата вчера препорача маските повеќе да не бидат задолжителни за основците, но како што појаснуваат членови од ова советодавно тело, за две недели ист предлог ќе има и за средношолците. Објаснувањето е дека помалите деца учат во местото на живеење и не патуваат како поголемите ученици. Инаку од почетокот на пандемијата досега ковид 19 бил потврден кај 27 200 деца од 0-19 години.