Loading Video...
Фудбал
18. March 2022 - 12:26
Двојна англиско-шпанска пресметка во 1/4-финалето во Лигата на шампионите
Една англиска или шпанска екипиа сигурно ќе игра во финалето на Лигата на шампиониза закажано за 27 мај на стадионот „Сент Дени“ во Приз.
Ова е епилогот по денешната ждрепка одржана во седиштето на УЕФА во Нион, а во која беа извлечени двојките за четвртфиналето, но и можните фвојки за полуфиналната рунда.
Ќдрепката беше немилосрдна, па во четвртфиналето ќе имате две англиско-ппански пресметки во кои ќе играат актуелниот европски шампион Челзи и најтрофејниот во ова натпреварување Реал Мадрид, односно англискиот првак Манчестер Сити против шпанскиот шампион Атлетико Мадрид.
Ждрепката посака токму победниците од овие дуели да се сретнат во полуфиналето, додека вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од другите два четвртфинални дуели, Бенфика – Ливерпул и Вилареал – Баерн Минхен.
Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 5 и 6 април, а реваншите се седум дена подоцна (12 и 13 април)
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->