Анализа: Какви гаранции бара премиерот Петков за вметнување на Бугарите во Уставот на земјава за да го повлече ветото?
Временски рок, пишана гаранција во преговарачка рамка или нешто друго бара бугарскиот премиер Петков за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Во интервју за Катимерини Кирил Петков вели -
„Ние сме за европската перспектива на Македонија, како и на Албанија. Но, постојат одредени работи што треба прво да се решат, како што е почитувањето на правата на Бугарите во Македонија, со гаранции во рамките на Уставот. Имаме план и многу добра комуникација со Владата на Македонија и се надеваме дека брзо ќе одиме напред“.
Според политиколог Благојче Атанасовски гаранциите кои ги бара бугарскиот премиер се поврзани со обврската што би ја преземала земјава во моментот кога ќе го менува уставот за членство во ЕУ, дека истата ќе ја исполни.
Атанасовски смета дека сепак треба да се причекаат и резултатите од пописот кои треба да бидат објавени до 30 март.
Експертите сметаат дека Владата треба да биде потранспарентна во преговорите со Бугарија и да побара реципроцитет во барањата.
Атанасовски потсетува на неимпленетирање на обврските од преспанскиот договорот од грчка страна и потенцира Владата да не ја прави истата грешка и со Бугарија.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
