Карванот врви, граѓаните не се вакцинираат против Ковид-19
Колку караванот за вакцинација го зголеми интересот кај населението за заштита од вирусот?
Најголем број се одзвале за трета, а многу малку изминатите 4 дена примиле прва доза на вакцина против Ковид-19, велат лекари од пунктовите.
Караванот почна од Шуто Оризари и продолжи во Кратово, Радовиш и Струмица, но здравствените власти не откриваат колку граѓани биле имунизирани. На прашањето од Сител која е официјалната бројка добивме образложение за некое зголемување од 11 проценти и како што велат од МЗ тоа е просекот на дневно ниво пред да почне кампањата. А колку е тој просек одговор нема.
Во неофицијален разговор со здравствените домови од предвидените локации со караванот, досега мобилните пунктови ги посетиле над 150 лица што за нив е некое зголемување имајќи во предвид дека во една од поминатите општини минатиот месец четворица во две недели примиле вакцина а сега во еден ден околу 40-тина. Стравот од компликации и хроничните болести се најчестите причини кај граѓаните кои ги посетиле мобилните пунктови.
-Јас доаѓам од Белгија, таму е 80 проценти тука само 40 проценти вакцинирани.. Па ме заинтересира ова со караванот и дојдов да се вакцинирам, велат граѓани.
Кампањата за вакцинација Министерството за здравство ја прави со поддршка од СЗО, УСАИД и УНИЦЕФ со цел промоција на вакцинацијата како најдобра заштита од ковид и тоа во населени места каде има слаба заинтересираност. Инаку во нашата земја ниту половина од населенито не е вакцинирано, што е далеку од европскиот просек.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
