Која е целта на објавите и дали се точни неофицијалните податоци од пописот
Дозволи ли ДЗС да протечат информации за пописот пред тие да ги соопштат официјално. Според ТВ21 во Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани а заедно со дијаспората овој број изнесува 2,1 милион. Според етничка припадност, од нив Македонци се 62%, Албанци 29,5 и околу 10 проценти се припадници на останатите заедници. Ако се тргне на страна бројот на попишани во дијаспората, пренесуваат дека процентот на македонски резиденти изнесува од 63 до 65 отсто, Албанци 24, 7 % што претставува пад од 1 процент во однос на пописот од 2002 година. Директорот Апостол Симовски ги демантира овие податоци и за Сител вели бројките ќе бидат поинакви од она што се пласира во јавноста, но сето ова ќе биде официјално соопштено во среда.
За да се добие реалната бројка, покрај официјалниот резултат потребно е да се споредат податоците со кои располагаат сите надлежни институции вели статистичарот Дончо Герасимовски.
Во пописните резултати влегува само бројот на население кое во моментот на оваа статистичка операција било во државата. Дијаспората е важна но не и пресудна во однос на крајниот резултат смета професорката Силјановска Давкова. Тие резултатите не можат да служат за некакво пребројување по етничка основа.
Доколку овие бројки се потврдат во среда при соопштување на официјалниот резултат, Симовски најави дека ќе биде понесена одговорност, но уверува дека бројктие не се соопштени од ниту еден од вработените кои се ангажирани за пописот.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
