Loading Video...
Фудбал
28. March 2022 - 18:27
Со позитивни мисли македонските фудбалери го очекуваат утрешниот меч со Португалија
Македонија одбројува до историскиот натпревар на нашите најдобри фудбалери. Утревечер во Порто фудбалската репрезентација на Македонија во дуелот против Португалија ќе се бори за свое прво учество на Свесткото Првенство.
Фаворитската улога на Португалија, бројните звезди предодени од Кристијано Роналдо и немора да значат ништо кога во прашање е конечниот епилог. Тоа нашите фудбалери многупати досега го докажале, а најдобро го почуствуваа европските шампиони Италијанците.
Свесни дека ги очекува нов тежок предизвик црвено-жолтите со право веруваат дека и оваа пречка како и претходната е премостлива и дека како што велат ова е шанса да се исполни не само нивниот туку и сонот на целата македонска нација.
За разлика од мечот со Азурите, нашата селекција сега ќе биде посилна за Елмас и Костадинов кои дополнително ќе ги зголемат опциите на Милевски уштешниот меч, кој најверојатно нема да го откри стартиот состав на вечерашната прес конференција закажана пред одработувањето на последниот тренинг на стадионот „Драгао“ каде утре ќе се ги игра финалниот меч.
За разлика од мечот против Турција сега Португалците во одбраната ќе бидат дополнително засилени со искусниот бек Пепе, а во тимот се враќаат и Ренато Санчез и Жоао Кансело, стандардни првотимци.
Утрешниот дуел меѓу Португалија и Македонија ќе започне од 20 часот и 45 минути термин во кој ќе се игра и финалето од Б конкуренцијата во која Полска ќе ја пречека Шведска, додека последниот европски патник на Мундијалот во Катар би требало да биде познат летово имајќи во предвид дека Велс ќе ја чека одлуката на УЕФА околу судбината на полуфиналниот дуел меѓу Шкотска и Украина кој беше одложен поради војната во Украина.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->