Фудбал
31. March 2022 - 12:22

Победата над Италија и донесе прогрес на Македонија од пет места на ФИФА ранг-листата

Македонија не успеја да оствари историски успех, но бараж дуелите на црвено-жолтите им донесоа прогрес на ФИФА лигата. 

 
Фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од пет места на најновата ранг-листа на ФИФА. 
 
По победата над Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Мундијалот црвено-жолтите ги рангира сега на 62-то место. 
 
 
Што се однесува до нашите противници во Лигата на нации, кои започнуваат во јули месец, ние котираме најдобро.
 
Бугарија кој ќе биде прв наш противник е дуери девет места зад нас, односно на 71-та позиција, селекцијата на Грузија е 86-тот место додека аутсајдерот Гибралтар е дури на 203-тата позиција на ФИФА листата. 
 
На врвот нема промени, па Белгија и натаму е лидер пред Бразил и Франција, но сега Аргентина е четврта на местото на Англија, а во „ТОП 10“ се уште се:  Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.