Дали 3504 Бугари треба да влезат во македонскиот Устав?
Внатрешното незадоволство од пописот кај сите етнички групи е дополнителен поттик Бугарија да биде по остра во барањата за вметнување на бугарите во македонскиот устав. Професорот Васко Наумовски смета дека тоа може да ги заостри односите и покрај тоа што засега има позитивни најави од премиерите на двете држави. Поддршката која ја добиваме од европските лидери и од САД е на прилично високо ниво. Пораката на државниот секретар на САД Ентон Блинкен дека е потребно забрзување на процесот за отворање на пристапните преговори е пред се насочена кон Бугарија смета Наумовски.
Но, според бугарските експерти кои ги контактиравме, бројот на попишани етнички бугари во Македонија е сосема реален а таков беше ставот и на бугарскот премиер Петков кој не ги оспори резултатите. Аналитичарот Владимир Владимиров и добар познавач на односите меѓу двете земји, смета дека со писмен документ кој ќе гарантира вметнување на бугарите во македонхскит устав процесот веднаш ќе биде откочен.
Во меѓувреме продолжува дијалогот меѓу двете земји, денеска и утре седница оддржува историската комисија за која бугарскиот премиер Тврди дека постигнала значаен напредок нхо ниту тој ниту членовите на комисијата не откриваат за што станува збор.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
