Нема потреба од апели за дарување апелираат од Институтот за трансфузиологија
Фрижидерите на трансфузиологија се полни со кеси крв. Резерви има од сите крвни групи. Нема потреба од апели за дарување, реагираат од Институтот по зачестените повици на социјалните мрежи дека Итно е потребна крв.
-99 проценти од апелите се лажни. Прво нека се јават кај нас во институтот пред да даваат апели. Имаме многу крв и навистина е ова непотребна збрка на социјалните мрежи. Проблем е, ни ги собира сега крводарителите со нулта негативни и по два месеци нема да имаме ниеден, а сега не ни треба, изјави д-р Емилија Велкова, директор на Институтот за трансфузиологија.
Од Институтот додаваат дека ваквите апели најчесто се даваат во паника од соседи или роднини на болниот, по добиена информација од некоја Клиника дека на пациентот ќе му треба крв, а без претходно да прашаат на трансфузиологија дали има доволно резерви.
-Апелите ги даваат комшиите, пријатели на фамилијата на заболениот, но најчесто ваквите апели нам ни ја комплицираат работата, додава д-р Велкова.
Од трансфузиологија велат дека крвта може да ја чуваат само 40 дена, а доколку има потреба од крв и крвни компоненти самите ќе упателе апел за дарување. Последните 3 години преку организираните акции ги задоволувале сите потреби за државните и приватните болници во Македонија.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
