Loading Video...
Фудбал
6. April 2022 - 12:28
Англиските претставници Манчестер Сити и Ливерпул ги добија првите дуели од 1/4 финалето во Лигата на шампионите
Во елитната Лига на шампиони синоќа се играа првите два натпревари од четвртфиналето.
Дербито се игра во Манчестер актуелниот англиски шампион Манчестер Сити го победи шпанскиот првак Атлетико Мадрид минимално со 1-0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Кевин де Брујне во 55-тата минута.
И вториот англиски престваник забележа победа. Имено тимот на Ливерпул на гостувањето кај португалската Бенфика славеше со 3-1.
Со головите на Конате во 17-тата и Мане во 34-тата минута Ливерпул на полувремето замина со два гола позитива. По само 4-минути игра во цториот дел Нуњез ја врати Бенфика во игра, но победата на англискиот тим ја потврди Колумбиецот, Дијаз на три минути пред крајот на мечот, па Ливерпул со голема предност ќе го чека реванш дуелот на „Енфилд“ закажан за во среда.
Вечерава пак, ќе се одиграат преостанатите два дуели од четвртфиналето. Дербито е во Лондон каде актуелниот европски првак челзи го пречекува Реал Мадрид, додека во Шпанија, кај Вилјареал гостува фаворизираниот Баерн Минхен.
Двата меча стартуваат во стандардниот термин од 21 часот.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->