Loading Video...
Фудбал
16. April 2022 - 19:48

Втора МФЛ: Силекс се одлепи на плус 7 од Воска

Фудбалерите на Силекс  направија голем чекор кон експресниот камбек во прволигашката конкуренција по убедливата победа од 5-0 против Кадино и киксот на второпласираната Воска. 
Домаќинот беше доминантен и  победата ја најави со головите на Мичковски и Димоски во првото полувреме. 
Во вториот дел се редеа шансите пред голот на гостите а во листата на стрелците се запишаа Андреј Петкоски и Кристијан Додевски кој беше двократен стрелец. 
По денешното коло Силекс има 7 бодови предност пред Воска. 
Вардар исто така оствари убедлива победа совладувајќи го Тетекс со 4-0 и тоа со головите на Мишковски, Парталкко  и двократниот стрелец Филип Петковски. 
Средбата се одигра на терените на ФФМ и имаше едноминутен прекин кога вардаровите фудбалери седнаа на теренот во знак на протест против делењето на правдата на нивните натпревари во Втората МФЛ. 
ВТОРА ЛИГА ЗАПАД 23.КОЛО
БЕСА – ОХРИД 1:0
КОРАБИ – ВЕЛЕШТА 3:1
СИЛЕКС – КАДИНО 5:0
ВОСКА – ГОСТИВАР 0:0
ВАРДАР – ТЕТЕКС 4:0
 
 
ВТОРА ЛИГА ИСТОК  23.КОЛО
ПЕХЧЕВО – ДЕТОНИТ 0:1
КОЖУФ – БРАТСТВО 0:0
СЛОГА (В) – ТИМ ЛОКОМОТИВА 8:0
ПОБЕДА – ОСОГОВО 2:1
БЕЛАСИЦА – САСА 2:0